Достапни линкови

Вучиќ: Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот Белград-Приштина


Москва-средба на претседателите на Србија и на Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на ЕУ, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ наведувајќи оти за тоа добил потврда од рускиот претседател Владимир Путин.

Вучиќ е во неколкудневна посета на Москва при што истакна дека доколку Албанците сакаат во преговорите да се вклучат и САД, српската страна ќе бара во нив да учествува и Русија со цел дијалогот да биде валиден.

„За нас тоа би било сосема логично, бидејќи Русија не ја призна еднострано прогласената независоност на Косово. Само бараме рамноправен однос по тоа прашање“, изјави Вучиќ.

XS
SM
MD
LG