Достапни линкови

Средба во Баку на министрите за надворешни работи на Иран, Турција и Азербејџан


Средбата во баку на министрите за надворешни работи на Азербејџан, Иран и Турција. 20.12.2017

Министрите за надворешни работи на Азербејџан, Иран и Турција денеска во Баку ќе одржат средба. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека азербејџанскиот министер Елмар Мамадјаров, иранскиот Мохамед Џавад Зариф и турскиот Мивлут Чавушоглу ќе разменуваат мислења за „изгледите за зајакнување на регионалната соработка.“

На средбата тие ќе разговараат за прашања во различни економски области, вклучително транзит, транспорт, енергија, царина, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Зариф и Чавушоглу се очекува по средбата да одржат заедничка прес-конференција.

XS
SM
MD
LG