Достапни линкови

Едно лице приведено при блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце


Илустрација

При блокирањето на граничниот премин Табановце попладнево од членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ приведено е едно лице, потврдија за Радио Слободна Европа од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека човекот е приведен поради напад врз полициски службеник.

Претходно, дел медиуми објавија снимки од Табановце на кои се гледа туркање меѓу поддржувачите на опозициската партија и полицајците.

ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела организира блокирање на неколку крстосници во Скопје, а денеска беше првпат да блокира граничен премин. Партијата ова го прави во знак на револт поради притворањето на нивни пратеници, припадници на партиските тела и симпатизери, а поврзано со крвавите настани во Собранието на 27 април годинава.

XS
SM
MD
LG