Достапни линкови

Започнат проект за поголема заштита на природните ресурси


Архива: Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули

Со помош на конкретни примери и пракса ќе се работи во насока на подобро управување со заштитените подрачја, изјави денеска заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули започнувајќи го проектот „Подобрување на управувањето со заштитени подрачја.“

Тој посочи дека со тоа ќе почне суштинска трансформација на начинот на кој државата управува со своите природни ресурси, наведувајќи оти проектот треба да се сфати како шанса за вистинска заштита на помалите подрачја кои немаат управувачка структура.

На настанот се обрати и постајаниот претставник за развој на ОН Луиза Винтон која рече дека државата веќе има прогласено 86 заштитени подрачја, што е дест отсто од територијата, а дека во моментов се разгледуваат други локации.

„Меѓутоа, многу од овие области се изложени на неконтролираната експлоатација и деградација, преку штетни човечки практики, вклучувајќи нелегално сечење, депонирање на ѓубрето и изградба. Со буџет од 4,3 милиони евра обезбедени од европските фондови, нашиот нов проект е дизајниран да ја помогне заштитата на природните ресурси од хартија да се спроведе во секојдневната практика“, вели Винтон.

XS
SM
MD
LG