Достапни линкови

Еколошки здруженија: Нема да дозволиме концесија за рудник на Кожуф


Архива: Падините на планината Кожуф.

Еколошки здруженија денеска соопштија дека нема да дозволат да се додели концесија за детални геолошки истражувања врз изворите на реката Матушница на планината Кожуф.

Роберто Паризов од „Еко-живот“ и Ангел Наков од „Спас за нас“ наведуваат дека Матушница е најчистата река на Кожуф во предел прекриен со борова шума и ела, истакнувајќи дека нема да дозволат концесија за рудник на локалитетот кој е директно врз изворите на Матушница која се влева во реката Дошница, отакако деновиве министерството за економија достави барање до Гевгелија и Кавадарци за мислење за и за издавање нова концесија за детални геолошки истражувања на планината Кожуф.

„Оваа нова концесија е со површина од 2700-3000 хектари. Цел југоисток една година максимално се бори да остане чиста и здрава средина за земјоделство и туризам. За разлика од Гевгелија која се изјасни против, Кавадарци не спроведе референдум и во оваа општина ова прашање не е доволно разбработено, јавноста не е информирана, а тоа е законска обврска кога се работи за прашање за развој и одржување на животната средина“, рече Наков.

Тој додаде дека во кавадарци веќе има две концесии за првични геолошки истражувања на рудниците Алшар и Дудуца со кои, како што вели, се уништува Тиквешкото езери и изворот лукар.

XS
SM
MD
LG