Достапни линкови

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот на Град Скопје


Архива: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на рапсит во Судот за насатаните од 27 април. Крсто Мукоски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот на Град Скопје во знак на поддршка на притворените за настаните од 27 април. Тие наведуваат дека се испишува најцрната страница во историјата на македонскиот народ и држава и дека се врши терор врз граѓаните, институциите и повреда на елементарните човекови права.

Како што наведуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, владејачката хунта на Заев монтира монструозен случај на политички прогон на 36 лица за најтешко кривично дело против државата, Терористичко загрозување на уставниот поредок.

„Ние советниците на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, го дигаме својот глас против овој терор и неправда, против тоа нечесни и невини луѓе да гнијат во притвор повеќе од 20 дена како жртви на политичка одмазда за монтирано најтешко кривично дело и во знак на протест ја напуштаме седницата на Советот на Град Скопје.“

XS
SM
MD
LG