Достапни линкови

САД и ЕУ го осудија насилството во и надвор од албанскиот Парламент


Архива: Чад од димна бомба во албанскиот Парламент.

Делегацијата на ЕУ во Тирана денеска го осуди насилството за време на вчерашните протести во и пред албанскиот Парламент, а остра осуда искажа за насилствата искажа и Амбасадата на САД во Тирана.

Од делегацијата на ЕУ велат дека демократски процеси треба да се дозволи да се одвиваат на мирен начин, независно дали се однесуваат на пленарна седница или на протести.

Од Амбасадата на САД велат дека го поддржуваат граѓанското право на мирен протест, но оти оштетувањето на јавниот имот, фрлањето димни бомби и насилството во Парламентот се неприфатливи. Оттаму апелираат до сите партии да покажат воздржаност и да ја поттикнуваат смиреноста.

XS
SM
MD
LG