Достапни линкови

Манчевски: Нема да има отпуштања од јавната администрација


Архива: Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изјави дека нема да има отпуштања од јавната администрација, а оти вработувања ќе има согласно потребите. Тој додаде дека веќе имало природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, додека точниот број ќе се знае во март кога Министерството ќе даде извештај.

„Ние немаме инженери, градежни инженери, немаме архитекти, доволен број на правници. Немаме доволен број на висококвалификувани луѓе за да ги преземат раководните места во администрацијата, истакна Манчевски.

Тој рече дека вработувањата ќе бидат согласно потребите, а самиот процес на вработување ќе биде транспарентен.

XS
SM
MD
LG