Достапни линкови

Норвежанец притворен во Русија под сомнение за шпионажа


Архива: Норвежанецот Фроде Берг.

Русија држи во притвор Норвежанец осомничен за шпионажа, откако наводно добил доверливи документи од човек од Русија кој исто така е уапсен, соопштија денеска официјални претставници. Фроде Берг е во притвор во московскиот Окружен суд Лефортово од 6 декември, јавува Интерфакс цитирајќи ја портпаролката на судот Екатерина Краснова.

Берг даде жалба на одлуката, но датумот за сослушувањето за неговата жалба се уште не е одреден, рече Краснова. Руските медиуми цитираат неименувани извори како велат дека Берг е фатен како прима доверливи материјали за руската морнарица и наводно планирал да ги предаде на норвешките и американските разузнавачки агенции.

Според Интерфакс, руските власти тврдат дека Берг наводно ги добил доверливите материјали од Алексеј Житнук кој беше уапсен кон крајот на ноември под сомнение за предавство. Норвешките медиуми соопштуваат дека 62-годишниот Берг е поранешен граничен инспектор и дека норвешкото Министерство за надворешни работи се обидува да му обезбеди помош.

XS
SM
MD
LG