Достапни линкови

Молдавија го отповикала амбасадорот во Русија


Знамето на Молдавија пред амбасадата на земјата во Русија

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека го отповикалe амбасадорот во Русија, Андерј Негута на неопределен период. Според министерството, причината за таквата одлука се зголемените случаи на вознемирување и заплашување на официјални лица и политичари од Молдавија од страна на руските власти и недостигот на официјална реакција на нивните постојани поплаки.

Прорускиот претседател на Молдавија, Игор Додон ја осуди одлуката на Владата. Според него, се работи за уште една провокација од проевропската власт со цел да се наруши стратешкото партнерство меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG