Достапни линкови

Неврохирургот Венко Филипче нов министер за здравство


Министерство за здравство

Неврохирургот Венко Филипче ќе биде новиот министер за здравство, јавува МИА од владини извори. Филипче во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Претходниот министер Арбен Таравари ја напушти функцијата поради учество на локалните избори, на кои беше избран за градоначалник на Гостивар. Се очекува Владата да го достави предлогот до Собранието.

XS
SM
MD
LG