Достапни линкови

Нови судири во источна Украина, загинаа тројца војници


Архива: Украински војник во регионот Донбас.

Украинската Армија соопшти дека тројца нејзини војници се убиени, во услови на повеќекратни прекршувања на прекинот на огнот во последните 24 часа од страна на сепаратистите во источна Украина.

Според соопштението на Министерството за одбрана, сепаратистите 14 пати го прекршиле прекинот на огнот употребувајќи минофрлачи и тешка артилерија.

Сепаратистите денеска тврдат дека украинските вооружени сили 17 пати го прекршиле прекинот на огнот употребувајќи пушки, ракетен фрлач, минофрлачи и артилерија.

Во борбите меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија, кои држат делови од регионите Доњецк и Луганск, од април 2014 година загинаа над 10.300 луѓе. Неколку договори за прекин на огнот беа најавени како дел од преговорите во Минск во септември 2014 и февруари 2015 година, но нивното одржување не беше успешно.

XS
SM
MD
LG