Достапни линкови

Премиерите на Западен Балкан на состанок во Брисел


Заедничка фотографија од претходната средба на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини со премиерите на земјите од Западен Балкан во Брисел на 24 мај 2017.

Премиерот Зоран Заев заедно со премиерите од земјите од Западен Балкан вечер во Брисел ќе присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.На третиот неформален состанок на премиерите со Могерини ќе стане збор за актуелните настани во регионот и за перспективите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата. Се очекува за време на работната вечера да стане збор за стратегијата која Европската комисија ја подготвува за февруари, а која треба да ги даде насоките за пристапување на Србија и Црна Гора во ЕУ до 2025 година, како и за идните чекори што на патот кон ЕУ ги очекуваат Албанија, Македонија, БиХ и Косово.

XS
SM
MD
LG