Достапни линкови

Трамп ќе објави нова американска безбедносна стратегија


Претседателите на Кина и на САД Си Џинпинг и Доналд Трамп, Пекинг, 09.11.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе претстави нова национална безбедносна стратегија во која се зазема поцврста линија спрема Кина. Новинските агенции, повикувајќи се на извори во Белата куќа, јавуваат дека Трамп ќе ја обвини Кина за „економска агресија“. Трамп повеќе пати бараше од Кина да изврши поголем притисок врз Северна Кореја во врска со нејзините програми за равој на нуклеарно оружје. „Новата национална стратегија всушност е почеток на серија економски мерки против Кина“, оцени Мајкл Ален, поранешен член на администрацијата на претседателот Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG