Достапни линкови

СЈО го повлече барањето за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ


Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство, архивска фотографија

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за заштита на законитост со кое бараше замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со барањето за заштита на законитоста СЈО сметаше дека Врховниот суд треба да ги поништи сите претходни судски одлуки кои оневозможуваа замрзнување на имотот на партијата во рамки на истрагата што ја води ова обвинителство „Талир“. „Барањето за заштита на законитоста се отфрла. Според член 460 став 1 од Законот за кривичната постапка, ако јавниот обвинител го повлече барањето за заштита на законитоста, судот со решение ќе го отфрли барањето, се наведува во одлуката на Врховен, донесена на 14 овој месец. „Талир“ е една од истрагите на СЈО кои произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори. При нејзиното објавување од СЈО информираа дека се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ при што постои основано сомнение дека во периодот од 2009 до 2015 година се злоупотребени 4,9 милиони евра.

XS
SM
MD
LG