Достапни линкови

Шилегов ги повика граѓаните да дадат идеи за спречување на загадувањето


Архива: Загаден воздух, смог и магла во Скопје. 14.12.2017

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги повика сите граѓани кои имаат идеја или предлог за решавање на проблемот со загадувањето да дојдат во понеделник меѓу 12:30 и 14:30 часот во просториите на градот Скопје и да ги претстават. Тој наведува дека вчера на отворената линија 193 за пријава на пожари на отворено имало само две пријави, по кои имало интервенции.

„Ги замолувам граѓаните ваквите пријави или сознанија за какво било нарушување на амбиенталниот воздух да ги доставуваат до тој центар за да може да се санираат акутните состојби, истакна Шилегов.

Тој најави дека Советот на Град Скопје идната недела ќе донесе одлука за поевтинување на јавниот градски превоз и дека заедно со зголемување на цените на паркирањето би го дестимулирале користењето на автомобилите, како еден од причинителите на загадувањето во Скопје. На прашањето дали ќе има евентуални рестрикции на сособраќајот, Шилегов рече дека таква одлука треба да донесе МВР.

Во меѓувреме и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ најави дека засилените контроли на инспекциските служби за спречување на сите можности за загадување и горење на гуми и отпад, отворен кол центар за граѓаните да пријавуваат отворени и опасни огнови, како и поставените прочистувачи за воздух во градинките, се дел од мерките кои ги презема општина Центар.

XS
SM
MD
LG