Достапни линкови

Димитров негира дека има нов предлог за името


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа изјави дека нема никаков нов предлог за името, туку дека на средбата во Брисел е утврдена интензивна динамика на консултации. „Нема никаков нов предлог. Се се шпекулации. Она што е важно дека се утврди интезивна динамика да има средба и во јануари следната година, изјави Димитров во гостувањето на „Ноќно студио“ на телевизија Телма. „Треба да продолжиме да ги убедуваме нашите пријатели во Грција дека ова не треба да биде пречка. Имаме и Времена спогодба и пресуда. Истовремено ние треба да разбереме дека зачленувањето во НАТО значи дека утре Грција треба да биде наш сојузник. Затоа мораме да најдеме начин овој процес да го искористиме во зближување како да бидеме сојузници, истакна Димитров.

XS
SM
MD
LG