Достапни линкови

Министерството за економија тврди дека останува ефтината тарифа


Илустрација

Од Министерството за економија кое е предлагач на законот за енергетика попладнево преку соопштение ги негираат информациите дека евтината тарифа за граѓаните ќе биде укината

„Со новото законско решение нема да се укине евтината тарифа, туку таа е гарантирана како минимум услов во процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија, a формата ќе зависи од понудата на снабдувачот кој граѓаните ќе го изберат на слободниот пазар“ наведуваат од министерството.

Според нив со либерализацијата на пазарот се зголемува конкурентноста и квалитетот на услугите, а европската пракса покажала дека кога има конкуренција на пазарот се нудат и дополнителни поволности за граѓаните од страна на снабдувачите. Од таму велат и дека за крајна заштита на граѓаните со новиот предлог закон за енергетика ќе бил воведен и т.н. универзален снабдувач, кој ќе требало по најниски цени да обезбеди квалитетна услуга на корисниците, вклучувајќи ја и евтината тарифа.

XS
SM
MD
LG