Достапни линкови

Случај "Труст"-сослушан вториот сведок по поредлог на СЈО


Илустрација-Основен суд Скопје 1

Во Кривичниот суд денеска се одржа ново рочиште за предметот „Труст“на СЈО, на кое беше сослушан вештакот Игор Костов, предложен од Специјалното јавно обвинителство. На почетокот на судењето, одбраната приложи нови документи како докази што беа прифатени од судот и од СЈО.

Обвинителот Гаврил Бубевски по завршување на рочиштето, рече дека од сослушувањето на економскиот вештак предложен од нивна страна во однос на набавката на машините и двете фирми од конзорциумот „Трансмет“ и „Силекс неметали - СТ“, е увидено дека тие не располагале со наведената опрема во тендерската документација.

Во „Труст“ првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

XS
SM
MD
LG