Достапни линкови

Сугарески: Во 2018 ќе почне изградбата на железничка делница кон Бугарија


Архива: Прес конференција на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Следната година треба да почне изградбата на втората железничка делница на пругата кон Бугарија, на потегот од Бељаковце до Крива Паланка, во должина од 34 километри, откако вчера официјално беше одобрен гранд од 68,6 милиони евра од Европската унија, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој истакна дека проектната документација е завршена и оти објавена е тендерска постапка која треба да заврши и во 2018 година да почне изградбата на железницата.

„Проектираниот рок за изградба на втората делница е крајот на 2021 година. За нејзино финансирање Македонија доби заем од Европската банка за обнова и развој, во висина од 145 милиони евра. Износот на заемот се намалува со обезбедениот грант од 68,6 милиони евра на Самитот во Трст“, рече Сугарески.

XS
SM
MD
LG