Достапни линкови

Шилегов: Иницијативата на граѓаните против загадувањето е политички мотивирана


Архива: Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Добар дел од таканаречената иницијатива на граѓаните за загадувањето е евтин политички блеф на ситно популистичката политика којашто ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов коментирајќи дека е политички мотивирана иницијативата на социјалните мрежи на родители кои најавија дека нема да ги пуштат децата во училиште во знак на револт од загадувањето во Скопје.

„Моите информации се дека е политички мотивирана со цел да се дискредитираат и локалната и централната власт во борбата против загадувањето, рече Шилегов пред денешна дискусија за квалитето на воздухот.

Тој рече дека градењето насекаде и на секој можен начин, масовното уништување на зеленилото и некреирањето политики и стратегии во изминатиот период е данокот кој го плаќаат граѓаните.

Тој изјави дека мерките од што се преземаат против загадувањето е акцијата за чистење на Скопје, дека се работи на нов концепт за јавен превоз, на усогласување на деталните урбанистички планови на општините со генералниот урбанистички план за да може, како што вели, да се стопира дивеењето во градбата.

XS
SM
MD
LG