Достапни линкови

Бејли - Не ја започнав јас приказната за бонусите во ДИК


Американскиот амбасадор Џес Бејли.

Американскиот амбасадор Џес Бејли вели дека помогнал да се започне јавна дебата на тема корупција.

„Не ја започнав јас приказната со делењето високи бонуси во Државната изборна комисија. Сите вработени таму го знаеја тоа, и не само во Комисијата. Јас го кажав мојот коментар за да почне здрава јавна дебата за тоа прашање“, изјави денеска Бејли во Штип, каде пред студентите говореше на тема корупција.

Осум членови на ДИК си поднесоа оставка по жестоките реакции во јавноста, откако амбасадорот Џес Бејли на една дебата изјави дека членовите на ДИК на нетранспарентен начин си доделувале бонуси. Оставките на членовите на ДИК се пратени во Собранието и чекаат да бидат констатирани.

Бејли во своето излагање пред студентите забележа дека широко распространета корупција и слабото владеење на правото се две работи, кои одат рака под рака и многу често младите се најголемите жртви на корупцијата. Тој забележа дека сите треба да се борат против корупцијата

XS
SM
MD
LG