Достапни линкови

Шилегов: До 2021 Скопје ќе стане зелена европска престолнина


Архива: Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Водно.

Новата градска администрација има цел преку еколошко и модерно системско решение да го растовари градскиот метеж во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој истакна дека градот со секоја нова реконструирана и изградена улица предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, најавувајќи дека Скопје ќе биде модерен и просперитетен град кој ќе стане зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со смарт – сити.

Шилегов зборуваше на Регионалната конференција „Зголемување на бројот на велосипеди во Скопје“ поддржана од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и германската Влада, каде Џејмс Магбет од ГИЗ Македонија во своето обраќање му се обрати на Шилегов порачувајќи му дека ова не е обична работилница, туку дека се работи за живот или смрт. Ние ги воспитиваме нашите деца во овие урбани средини.

„Ако погледнете на вашата веб страница можеби ќе најдете некои критични ставки што тврдат дека околу 90 проценти од населението во урбаните средини страдаат од загаден воздух и дека секоја седма смрт е поврзана со лошиот воздух во урбаните средини“, рече Магбет.

XS
SM
MD
LG