Достапни линкови

Бернската Конвенција бара суспендирање на малите хидроцентрали во НП Маврово


Состанок на Бернската Конвенција при Советот на Европа.

Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет и природни живеалишта во Европа побара Владата на Република Македонија итно да ја суспендира изградбата на малите хидроцентрали во Националниот парк Маврово, објавуваат еколошки граѓански организации од Македонија.

Граѓанските организации „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“ соопштуваат дека Секретаријатот на Бернската Конвенција бара од Владата да извести за прогресот по однос на препораките од 2015 година од кога се бара суспендирање на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти и поврзана инфраструктура во НП Маврово, се додека не се подготви стратегиска оцена а влијанието врз животната средина.

„Се уште нема информација за суспендирање на ХЕЦ Рибничка, Јадовска и Жировничка I и II, за кои концесиите се одобрени во 2015 но изградбата сеуште не е отпочната“, истакнуваат граѓанските организации. Оттаму наведуваат дека на територијата на НП Маврово од 2010 до 2017 година изградени се четири нови мали хидроцентрали на реките Тресонечка, Галичка, Какачка и Беличица.

XS
SM
MD
LG