Достапни линкови

Заев: Немаме стигнато да разговараме за нови имиња


Архива: Премиерот на Македонија Зоран Заев во Брисел.

Немаме стигнато до таму да разговараме за нови имиња, веруваме дека она за што ќе се разговара овие денови е потврда на желбата на двете страни за суштински да навлезат во решавање на проблемот којшто Грција го има со нашето уставно име, изјави македонскиот премиер Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Приштина.

Заев изрази надеж дека под посредништво на медијаторот Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на Македонија и Грција за наоѓање на решение.

XS
SM
MD
LG