Достапни линкови

ЕУ ја поддржува изградбата на нов гасен интерконектор во Србија


Европската Унија е подготвена да го поддржи проектот за изградба на гасниот интерконектор со што Србија преку Бугарија и Грција би се поврзала на терминалот за течен природен гас во Атина, а со цел безбедност во снабдувањето на Србија и земјите од југоисточна Европа и диверзификација на изворот на гас. Со тоа би се избегнала зависноста на регионот и Европа од еден снабдувач со гас. Ова се наведува во одговорот на делегацијата на Европската Унија во Србија испратен до Радио Слободна Европа, прецизирајќи дека поддршката на тој проект ќе биде спроведена преку буџетот на ИПА 2017 во износ од 49, 6 милиони евра, како и дека преговорите со Србијагас се во тек. Средствата од грантот ќе бидат на располагање во втората половина на 2018 година, додека работите би можеле да започнат во 2020 година. Вкупната вредност на проектот за изградба на конекторот Србија-Бугарија е 85 милиони евра. Останатиот дел од парите треба да се обезбедат дополнително, а за тоа во тек се преговори за заем со Европската инвестициска банка.

XS
SM
MD
LG