Достапни линкови

Закажана заедничка седница меѓу владите на Македонија и Албанија


Архива: Седница на Владата на Македонија.

Владите на Македонија и Албанија ќе одржат заедничка седница на 15 декември во албанскиот град Поградец, на која ќе разговараат на теми за унапредување на заемната билатерална активност и политичкиот дијалог за зајакнување на соработката во сите сфери, информираат од прес-службата на Владата.

Во соопштението исто така се наведува дека во фокусот на меѓувладината седница ќе биде унапредувањето на меѓусебната поврзаност и инфраструктура, олеснувањето на размената на стоки и услуги и зајакнувањето на соработката во областа на безбедноста. Ова е прва заедничка седница меѓу влади на двете држави.

XS
SM
MD
LG