Достапни линкови

Хојт Ји ги отфрла наводите дека ќе биде амбасадор на САД во Македонија


Архивска фотографија-заменик помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји при посетата на Скопје

Aмериканскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји во интервју за телевизиската мрежа Н1 ги отфрли наводите на одделни медиуми дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, додавајќи дека е „задоволен со работата што сега ја извршува“.

Еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина, изјави Ји.

“Наш интерес е земјите од регионот да имаат што подобра пазарна економија, која ќе им пружи шанса на сите граѓани, а посебно на млaдите”,рече Ји .

Осврнувајќи се на најавите за нова стратегија на САД за Балканот, Ји нагласи за американската политика не решаваат одделни дипломати, туку Вашингтон.

“Во случајот на регионот американската влада цврсто ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ”, додаде Ји.

XS
SM
MD
LG