Достапни линкови

Заев на координација со преговарачот Наумовски пред средбата со Нимиц


Премиерот Зоран Заев со владин тим на координација со преговарачот во спорот за името Васко Наумовски

Премиерот Зоран Заев вчера одржал консултативна средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани со проблемот што го има Република Грција со нашето уставно име, со амбасадорот Васко Наумовски, специјален пратеник во разговорите, кои под покровителство на Обединетите нации се водат за разликите околу името на нашата држава, соопштија од владината прес служба.

На средбата присуствувале и заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. На неа, како што пишува, е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис кои се закажани да почнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција.

Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Заев,Османи, Димитров иНаумовски, е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија, пишува во владиното соопштение.

XS
SM
MD
LG