Достапни линкови

Кривичен ги потврди притворите за пратениците


Крсто Мукоски.

Пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов остануваат во притвор, а пратениците Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска остануваат во куќен притвор, соопштија од Кривичниот суд. Судот постапуваше по жалбите против решенијата на судија на претходна постапка за определување мерка притвор и мерка куќен притвор.

Кривичниот совет решил да ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка за притоворот на Мукоски и Арнаудов и за домашниот притвор на Тарчуловски и на Пешевска. Судот дополнително ќе го соопшти решението за пратеникот Сашо Василевски кој е во притвор. За пратеникот Љупчо Димовски пак немало жалба од странките.


XS
SM
MD
LG