Достапни линкови

Заев: ЕУ да обезбеди отпочнување преговори со Македонија


Премиерот на Македонија Зоран Заев во Брисел.

Македонската Влада и Европската унија вложија огромни напори за враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членство во ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев во Брисел на дебата посветена на Македонија, соопшти неговиот кабинет.

„Сега е време да ги искористиме овие напори. Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година, рече Заев.

Заев денеска во Брисел се сретна и со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани.

Заев искажа задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент, која како што вели, постојано се демонстрира преку различни извештаи, изјави и активности од страна на европарламентарците и политичките групи.

XS
SM
MD
LG