Достапни линкови

Путин навести кандидатура на изборите во март 2018 година


Москва - Рускиот претседател Владимир Путин на церемонија за доделување награди на волонтерски групи. 06.12.2017

Рускиот претседател Владимир Путин навести дека ќе бара нов мандат на изборите во март 2018 година, велејќи дека наскоро ќе ја објави неговата одлука.

Путин денеска зборуваше на церемонија за доделување награди на волонтерски групи во Москва. Прашан од најавувачот дали ќе се кандидира на изборите во март 2018 година, Путин возврати со прашањето дали го поддржуваат младите членови на публиката и другите како нив.

По извикувањата „Да“ од публиката, Путин рече: „во тој случај одлуката ќе биде донесена во најблиска иднина, земајќи ја во предвид поддршката во општеството.“

Настанот беше пренесуван во живо на државната телевизија. Путин кој е претседател или премиер од 1999 година, се очекува да побара нов шестгодишен мандат на изборите во март 2018 година.

XS
SM
MD
LG