Достапни линкови

Арнаудов и Мукоски во полициска придружба го напуштија Судот


Пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски попладнево во придружба на полициски службеници, го напуштија Кривичниот суд, и беа внесени во полициски комбиња.

Останатите четворица пратеници Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, кои денеска заедно со Арнаудов и Мукоски беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава, се уште се во Судот.

Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски.Тој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.

XS
SM
MD
LG