Достапни линкови

ДИК ќе одржи седница за одлуката за дополнителни плати


Архива - Прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК). 12.12.2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за својата одлука да добијат плати за четири дополнителни месеци за нивната работа за локалните избори во октомври, откако информацијата во јавноста ја објави амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли. Тој исто така наведе дека тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година.

Реакцијата на ДИК е дека претседателот и членовите на изборните органи и изборната администрација имаат право на надоместок согласно член 19 од Изборниот законик што се утврдува со акт што го донесува ДИК и оти ова право е утврдено за вработените во ДИК од 2006 година, а за членовите на Државната изборна комисија од 2014 година.

Од ДИК посочија дека и покрај тоа право одлучиле денеска на јавна седница да расправаат за предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.

XS
SM
MD
LG