Достапни линкови

Протест пред Министерството за правда по повикот на ВМРО-ДПМНЕ


Протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред министерството за правда по симнувањето на имунитетот на 6 пратеници од оваа прартија поради инволвираност во инцидентите на 27 април

Неколку стотини луѓе излегоа денеска на протест по повикот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда. Тие извикуваат „Никола те сакаме“, „Ослободете ги нашите браќа “ и пеат патриотски песни. Пред министерството е поставен и полициски кордон.

„Кога правдината е погазена, татковината е ослабена. Татковината не може да оди напред кога правото станува неправо, кога реваншизмот станува стил на живот, кога политичкиот прогон прераснува во страст, а покорноста се претвора во вредност“, стоеше во денешниот повик на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Приврзаници на партијата неколку дена протестираат на неколку локации откако Основното јавно обвинителство отвори случај против 36 луѓе, меѓу кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април.

Собранието потоа им го укина имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, кои обвинителството ги сомничи за настаните во Собранието.

XS
SM
MD
LG