Достапни линкови

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани си поднесоа оставка


Советниците од ВМРО-ДПМНЕ изразуваат поддршка за Крсто Мукоски.

Сите четворица претстаници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Вевчани денеска поднесоа колективна оставка на функцијата, во знак на протест, како што појаснија, против политиката и начинот на владеењето на СДСМ, како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието Крсто Мукоски.

Тие најавија дека целосно ќе ја бојкотираат работата на општинскиот совет во кој партијата освои четири од деветте советнички места.

XS
SM
MD
LG