Достапни линкови

Заев следната недела во Брисел на средба со Јункер


Архивска фотографија - Заев во посета на Брисел.

Премиерот Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер за време на дводневната работна посета на Брисел, информираат од Владата. Тој во посета на Брисел ќе биде на 5 и 6 декември. Тоа ќе биде прва средба на премиерот Заев со актуелниот претседател на Европската Комисија. По средбата предвидени се заеднички изјави.

Освен премиерот, во посета на највисоките институции на ЕУ во Брисел, ќе бидат и вицепремиерот Бујар Османи, министрите Никола Димитров, и Горан Сугаревски и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Заев ќе се сретне и со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани, со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG