Достапни линкови

Четворица обвинети во „Монструм“ пуштени на слобода


Обвинетите и адвокатите на обвинетите во случајот „Монструм“ на јавната седница во Врховниот суд. 30.05.2017

Врховниот суд донесе решение со кое четири лица обвинети во случајот „Монструм“ се пуштени на слобода. На обвинетите им се определени други мерки на претпазливост, односно имаат забрана да го напуштаат нивното престојувалиште и ќе имаат обврска да се јавуваат пред Кривичниот суд два пати неделно. Шест лица беа осудени на доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд ги уважи жалбите на одбраната и го врати случајот на повторно судење.

Кај Смилковското Езеро на 12 ти април 2012 та година пред големиот христијански празник Велигден, беа убиени четири момчиња, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

XS
SM
MD
LG