Достапни линкови

Во интервју за Курир - Груевски најави оставка на чело на ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави дека ќе поднесе оставка на челната функција на најголемата опозициска партија. Во интервју за порталот Курир, тој вели дека независно каков ќе биде исходот од анализата на изборите, тој ќе поднесе оставка пред органите на партијата.

„Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка“, вели Груевски во интервјуто за Курир.

Груевски вели дека за анализата веројатно ќе треба уште недела до две, а оставката може и не мора да е поврзана со нејзиното завршување, бидејќи не е поврзана со нејзиниот исход.

Партијата, согласно статутот ќе организира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вели Груевски, но на прашањето кога ќе се одржи Конгресот одговара дека за тоа треба да одлучат органите на партијата.

XS
SM
MD
LG