Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето пратеници - доказ за непостоење на правен систем


Демонстрантите упаднаа во Собранието на 27 април 2017

Лишувањето од слобода на пратеници е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот на Република Македонија, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие сметаат дека со денешната одлука на собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да им се одземе имунитетот на шестмина пратеници осомничени за насилствата во Собранието на 27 април, СДСМ праќа порака дека „не сака да постои опозиција на нивното владеење ниту во Собранието, ниту надвор од него“.

Тие сметаат дека одлуката не се заснова на Устав и закон туку на партиски реваншизам.

Членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата затоа што, како што велат, не сакаат да им даваат легитимитет на овие „противуставни одлуки“.

Откако судија на претходна постапка побара симнување на пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за наслствата на 27 април, собраниската комисија денеска одобри укинување на пратеничкиот имунитет за Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и за Љупчо Димовски.

XS
SM
MD
LG