Достапни линкови

И вториот што призна доби шест месеци условно за „Насилството во Центар“


Насилства во Општина Центар на 6 јуни 2013

Поранешниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, Јордан Ристовски, кој призна вина како обвинет во случајот „Насилство во општина Центар“ денеска е осуден на шестмесечна условна затворска казна.

Ристевски вчера на рочиштето во Кривичниот суд самоиницијативно призна вина и рече дека чувствува „длабоко каење“. Постапката за него потоа беше издвоена.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, претходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

По однос на останатите обвинети за овој предмет, во кој првообвинет е поранешниот премиерот Никола Груевски, главната расправа ќе продолжи на 7 декември.

XS
SM
MD
LG