Достапни линкови

Нова пресуда за предметот „Насилството во Центар“ на СЈО


Кривичниот суд - Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на СЈО „Насилство во Центар“, Јордан Ристевски, кој вчера на рочиште самоиницијативно призна вина.

Судењето на останатите останати 11 обвинети во предметот „Насилство во Центар“, е закажано за 7 декември.

Обвинетиот Ристевски, кој е поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, вчера ја призна вината и рече дека „чувствува длабоко каење“. Обвинителката Фатиме Фетаи побара постапката за него да се раздвои и судењето за него да продолжи веднаш.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, претходно призна и четвртообвинетиот Томислав Лазаров, кој во раздвоена постапка доби условна шестмесечна казна, доколку во рок од две години не стори друго кривично дело.

XS
SM
MD
LG