Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ најави нови протести и блокирање крстосници во Скопје


Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд во Скопје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести и блокирање крстосници во Скопје, против притворањето партиски активисти и членови за насилствата во Собранието на 27 април.

Тие најавија дека од 15 до 17 часот ќе ги блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Порта Влае, кај мостот Близнак во Ново Лисиче и кај „Рампа“ во Кисела Вода. Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда денеска во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Судот денеска информира дека на 13 осомничени за насилствата им определил притвор од 30 дена, а на шестмина им е одреден домашен притвор.

Собранието денеска треба да одлучува и за одземање на имунитетот на пратениците осомничени за насилствата.

Тие се сомничат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

XS
SM
MD
LG