Достапни линкови

Ал Џезира - Хојт Ји ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија


Изјава на заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји

Хојт Брајан Ји, американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од наредната година ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија, јави дописникот на „Ал Џезира Балканс“ од вашингтон, повикувајќи се на извори во Стејт департментот.

Хојт Ји ќе го замени актуелниот амбасадор Џес Бејли, кој беше именуван во декември 2014 година. Хојт Ји е искусен дипломат и добар познавач на Балканот.

Испраќањето на Хојт Ји во Македонија се оценува како потврда на зголемениот ангажман на Вашингтон на Балканот.

Засега нема официјална потврда за неговото назначување.

XS
SM
MD
LG