Достапни линкови

Прифатено обвинението на СЈО за „Тенк“


Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Советот за утврдување на обвинителни акти го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од СЈО.

Сè уште не е утврден датумот за почеток на судењето ниту е определен судија кој ќе го води предметот.

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Апелациониот суд Скопје на 8 ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

XS
SM
MD
LG