Достапни линкови

Иванов - За политичкото и за физичкото насилство на 27 април одговорност мора да има


Архивска фотографија - претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

За политичкото, како и за физичкото насилство на настаните на 27 април во Собранието, одговорност мора да има, рече вечерва претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста.

„Кој постапил спротивно на Уставот и законот треба соодветно да одговора, но одговорноста не треба да се генерализира. Мора да се почитуваат човековите права, презумпцијата на невиност и да се внимава на квалификациите на кривичните дела“, рече Иванов.

Тој нагласи дека ја поддржувал и сега ја поддржува иницијативата „За заедничка Македонија“ која повеќе од два и пол месеци на мирен и достоинствен начин ја искажувала, како што рече, грижата за националните интереси на Македонија.

„Граѓаните кои се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не може да бидат третирани како терористичка организација“, рече Иванов.

Тој рече дека до него стигнувале информации за политички реваншизам поради кој се внесувале страв и несигурност што доведувало до состојба на тензии и политичка дестабилизација. Иванов нагласи и дека во услови кога нè очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на планот на европската и евроатлантската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите.

XS
SM
MD
LG