Достапни линкови

Дрисла – Никогаш не сме складирале и обработувале радиоактивен отпад


Депонијата за азбест во депонијата Дрисла

Во Депонијата Дрисла велат дека од самото отворање до денес кај нив не се складирал и обработувал радиоактивен отпад, ниту пак има можности за такво нешто.

Во одговор на прашања од Радио Слободна Европа, од Дрисла велат дека работат согласно сите законски регулативи во Македонија, а тоа го потврдуваат и инспекциските контроли.

„Што се однесува до правните нерегуларности околу сопственоста и управувањето на депонијата Дрисла, постои соодветна документација за тоа која може да се провери како и годишни извештаи за тековното работење на Дрисла кои се доставуваат до Градот Скопје и се гласаат на Седница на Совет на Град Скопје, па може актуелниот градоначалник прво да ги провери пред да шпекулира“, велат од Дрисла за Радио Слободна Европа.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во последното телевизиско интервју посочи дека му е потребно повеќе време и побара трпение од јавноста за да може да излезе со детална анализа, ставајќи акцент врз сомнежите за криминал во Дрисла, притоа посочувајќи дека само спомнал шпекулации за радиоактивен отпад, а не тврдел такво нешто.

XS
SM
MD
LG