Достапни линкови

Димитров во Вашингтон на средби со Вес Мичел и Хојт Ји


Архивска фотографија: Министерот за надворешни работи Никола Димитров на форумот во Дубровник се сретна со американскиот дипломат Хојт Брајан Ји

Билатералната соработка со САД, актуелните состојби во Македонија, како и во регионот, ќе бидат теми на денешните средби на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високи претставници на американските власти.

Димитров, според агендата, ќе има средба со помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Вес Мичел.

Тој ќе се сретне и со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји.

Предвидени се и средби со Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД Мајк Пенс и Строуб Талбот од Брукингс Институтот.

За утре е предвидено одржување на конференцијата Atlantic Council, а на еден од панелите на конференцијата ќе се обрати и Димитров.

XS
SM
MD
LG