Достапни линкови

Осомничени 36 луѓе за терористичко загрозување на уставниот поредок


Демонстранти, дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ влегоа во Собранието и предизвикаа насилство. 27 април 2017.

Основно јавно обвинителство покрена истрага против 36 луѓе поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.

Станува збор за постапка поврзана со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието.

Приведувањето на осомничените уследи по завршување на предистражната постапка.

Во Основниот суд Скопје 1 на распит пред истражен судија се доведени поранешниот директор на БЈБ Митко чавков, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и неколку организатори на протестите „За заедничка Македонија“.

XS
SM
MD
LG