Достапни линкови

Уапсен Митко Чавков


Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков изутринава бил уапсен по налог на Јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство, како што јавува МИА, повеќе информации најавуваат во текот на денот. Според првичните сознанија, Чавков бил уапсен во врска со истрагата за насилствата во Собранието од 27 април, кога раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и пратеници и новинари. Се очекува Чавков изутринава да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

XS
SM
MD
LG